Еден интересен податок по натпреварот посочи Бојан Стерјев за составот на Еурофарм Пелистер во сенка по ремито со Охрид (28:28) – битолскиот тим на натпреварот настапи со десет македонски ракометари во составот.

Во записникот се најдоа Никола Митревски, Ненад Белистојаноски, Мартин Серафимов, Самоил Ристевски, Цветан Кузманоски, Филип Кузмановски, Мирче Калајџиоски, Петар Атанасијевиќ, Жарко Пешевски и Павле Атанасијевиќ.

Македонските ракометари имаа и значајна улога во освојувањето на бодот. Филип Кузмановски беше најефикасен со 10 погодоци, додека Петар Атанасијевиќ одигра без промашување и постигна осум гола од осум обиди. Андреј Видомски додаде три, а Жарко Пешевски два погодоци.

Податокот дека десет домашни ракометари беа дел од составот е особено значаен за клуб како Пелистер, кој покрај резултатските амбиции, останува важна база за македонскиот ракомет.

Македонско јадро во зелено-белиот дрес – податок кој вреди да се забележи.
