Со новиот Преспански Договор кој без наше прашање или консултација беше договорен, мимо бојкотот на Референдум, покрај промената на државното име е прифатена и одлуката за отстранување на “Сонцето од Кутлеш” од сите јавни простори и површини.
Бидејќи за да имаме успешни добрососедски односи и ете со една нога сме влезени во ЕУ и НАТО (уште од 1992 г. ), од наша страна ќе Ви претставиме десетина идеи како ние мислиме да биде новиот изглед на оваа античка и сега забранета фонтана:
1. Фонтана со изглед како Свето, бидејќи битолчани се повеќе ги има во свето отколку во Градо.
2.Фонтана да личи на Стадионо шо се прај долги години
3.Фонтана со изглед на Офицерски
4.Фонтана со изглед како Копанки
5.Фонтана со изглед како Детското Одморалиште на Пелистер
6.Фонтана како “Бубамарата” од ТАТ
7. Фонтана како мало кружно текче од времето на 2че
8. Фонтана паркинг, ем измиена колата ем на сигурно место
9.Фонтана како Базено во Дио
10.Да нема фонтана...
Од ваша гледна точка можете уште толку да додадете и да пишете слободно во коментари. И така нас никој не нѐ прашува како да биди и изгледа, ни градо ни државата, барем да си кажиме вака јавно и транспарентно…
Фотографија непознат извор