Десет вреќи помалку ѓубре, а повеќе Љубов кон нашата природа, нашата Битола и нашиот дом мајката Земја.
Благодарам дечки за вашата солидарност и вклученост, денес ја покажавте вашата грижа и совесност, а вашата заинтересираност за понатамошни активности докажува дека не се откажуваме, дека се бориме за подобри услови, подобро живеење и градење на едно подобро општество, што значи подигнување на свеста на колективот, вклучувајќи ги и останатите сограѓани кои ќе бидат инспирирани за соработка.

Чиста Битола

На 19.05.2024 нова неделна еко-акција за Чиста Битола.
Повторна можност за обединување на нашите заеднички сили и енергија, за една единствена цел, а тоа е заштита на екологијата и унапредување на културата за подобар живот и подобра иднина.