ДЕН БЕЗ АВТОМОБИЛИ ВО ОУРЦ „КОЧО РАЦИН“ – БИТОЛА: ПОРАКА ЗА ПОЧИСТ, ПОЗДРАВ И ПОИНКЛУЗИВЕН ГРАД

од • September 22, 2026 • 0 коментари

Во ОУРЦ „Кочо Рацин“ – Битола денес беше одбележан Денот без автомобили, со активности посветени на почистата животна средина, здравите животни навики и безбедното движење.

Иако утрото започна со дожд, временските услови подоцна се подобрија, а сончевите зраци овозможија учениците и учесниците да уживаат во движењето, дружењето и заедничките активности.

Со пешачење, велосипеди и тротинети беше испратена едноставна, но важна порака – дека секој од нас со мали промени во секојдневните навики може да придонесе за почиста Битола и побезбедни улици.

Особено значајна беше и пораката за град достапен за сите, во кој мобилноста, безбедноста и грижата за животната средина одат заедно.

Денот без автомобили уште еднаш потсети дека улиците не се само простор за возила – тие се простор и за луѓето.

Babam Bitola

Comments are closed.