Денес е голем ден.

Денес беше отворена сензорната соба во „Центарот за Лица со Интелектуална и Физичка Попреченост“ – Битола. После долга и макотрпна работа, корисниците на центарот конечно ќе уживаат во услови што секој ваков центар треба да ги исполнува.

Ова немаше да биде реалност без несебичната и безусловна помош на многуте познаници и пријатели блиски до организацијата.

Неизмерно и огромно „Благодарам“ до Дејан Цивкаровски, кој без никаков надомест целосно ја имплементира сензорната соба и нашиот сон го претвори во јаве. Исто така мора да се спомене и Марина Крстиќ, која иако не беше повеќе дел од тимот на центарот,стручно нѐ упатуваше до професионалната имплементација на сензорната соба.

Голема благодарност до вработените во IWConnect кои се приклучија кон собирањето средства и доведоа до голем придонес до достигнувањето на финансиската цел на проектот, се разбира заедно со делот кој го придонесе самата компанија.

Овај проект е успешено завршен само поради добрите луѓе од нашето општество и сите параграфи не се доволни да се споменат сите вклучени.

Ево неколку од нив:
Дејан Цивкаровски
Марина Kрстиќ
Иво Груевски
Ѓани Хаџи-Мустафа
Дениз Хаџи-Мустафа
Вероника Атанасова
Дамјан Велковски
Горан Стојанов
Вработените во “Центарот за Лица со Интелектуална и Физичка Попреченост”
Илинка Ристевска
Ленче Ристевска
Пеце Милановски
Снежана Киревска
Ели Наунчева

И се разбира на крај нашиот тим:
Благој Соклевски
Кристијан Ристоски
Елена Поповска
Петар Поповски
Петар Стојковски
И нашиот основач Катерина Петревска.

Добри луѓе има, само треба да знаеш каде да ги најдеш!

Deca