Денес почина македонскиот писател, професор Владимир Костов. Тој е еден од најпознатите и најчитани писатели чиј роман „Свадбата на Мара“ (1968) како театарска претстава (1977) во изведба на Народниот Театрар Битола беше изведувана скоро на сите театарски сцени низ поранечна Југославија, како во Сараево, Стериино Позорје во Нови Сад, Дубровнички летни игри и др. Други познати дела се „Грешниот Захарија“ изведувана на сцена во 1986, Црквичето Четириесет маченици (2001). Останати попознати романи се: Битолски триод, Сениште во град Битола, Тане, Дива мисла. Во 1977 година станува член на Друштвото за наука и уметност во Битола, во 1983 година член на Друштвото на писателите на Македонија, a од 1988 година член е и на Асоцијацијата на независните писатели на Македонија. Неговите посмртни остатоци ќе бидат изложени утре, 4 Јануари 2023 од 10 часот а погребот во 12 часот на гробиштата „Св. Недела“.
Текст и фото Сашо Ставрев