Со огромна благодарност и почит, сакаме да му се заблагодариме на човекот кој цела зимска сезона посветено и со неверојатна прецизност ги подготвуваше ски стазите на Копанки со неговиот ратрак. Неговата посветеност и труд ни овозможија совршени услови за уживање во снегот, без разлика на временските услови.

He е потребно само снег, најважно е да има човек кој ќе знае како тој снег да го претвори во стаза. Ти благодариме Дејан

Благодарение на неговата работа, секое утро не пречекуваа идеално припремени патеки, што ја правеше секоја тура вистинско уживање. Вистински професионалец, љубител на планината и човек кој со својата работа внесе радост во секој кој ја помина зимата на Копанки.

Дејане, заедно со твоите колеги Ви благодариме од срце за сè што направивте оваа сезона без кои уживањето немаше да биде исто.

Од сите ски љубители на Битола и пошироко.