Кога Милтон Манаки со својата камера ја снимал некоја важна личност велел: „За мене и за историјата!“…
Денеска сите ние ги имаме нивните фотографии кои се внимателно одбрани и преработени благодарение на трудот на нашите големи филмски велемајстори. Професионалци кои несебично одделуваат еден голем период од нивниот живот и нивните најубави години, со цел нешто трајно да остане “За нас и за историјата”…
Како професорот по фотографија Роберт Јанкулоски авторот на ова монументално дело Манаки.
Делото Манаки, Јанаки и Милтон е збир на повеќе од 180 фотографии кои се прераскажани на три јазици, македонски, француски и англиски. Резултат на петнаесетгодишното истражување на фотографското творештво на Манаки, а повод за нејзино издавање е изложбата „Фотографското творештво на Браќата Манаки во контекст на Првата светска војна“ што беше реализирана во рамките на 70-от конгрес на филмски архиви што се одржа во Македонската академија на науките и уметностите во Скопје во мај 2014 година.
Истражувањето воглавно се одвиваше во Архивот на Македонија одделение Битола, но беа направени истражувања и во Грција, Романија и Бугарија со цел да се добијат што повеќе детали за нивната работа.
Објавените фотографии се репродуцирани од оригиналните стаклени плочи коишто за таа цел беа скенирани и дигитално обработени. Новата технологија дава големи можности за обработка на материјалите и можеби за прв пат стаклените плочи го покажаа целиот тонски раскош, сите детали што ги криеле во темните тонови како и оние жртвувани поради тесниот градациски дијапазон на фотографската дејност.
Фотографиите се од периодот 1905-1936 година а го прикажуваат животот во Битола за време на Првата светска војна.
Милтон кога снимал некоја важна личност велел: „За мене и за историјата“. А, пак Јанаки со цел да ги придобие муштериите им велел: „Денес или утре ние нема да постоиме на овој свет. Секој што живее мора и дa умре. Не постои исклучок и фала му на Господ што е така а не иоинаку. Како и дa e, ако имате совршена фотографија тогаш вашето лице ќе трае и за следните генерации. Вашите внуци и правнуци ќе ве имаат на фотографија: оние кои ќе гo зачуваат вашиот корен после 100, 500 или повеќе години.
Науката ги прави нештата возможни. Во фотографијата не постои магија, туку тоа е нешто природно. “
Авторот Роберт Јанкулоски е професор по фотографија и директор на Македонскиот центар за фотографија.
Нашата цел е да ја разбудиме вашата љубопитност и затоа Ви преставивме само неколку фотографии.
Книгата можете да ја најдете во винобар “Буре” кај Магнолија, Битола или контактирајте не нас на [email protected] слободно ќе Ви излезиме во пресрет.
Јавна благодарност до господинот Роберт Јанкулоски.