ДВОЈНА СПОРТСКА АГЕНДА ВО БИТОЛА – ДЕНОТ ВО ЗНАКОТ НА ПЕЛИСТЕР

од November 4, 2025 0 коментари

Битола утре ќе живее во спортски дух, со цел ден посветен на симболот на градот – Пелистер.

Спортските возбудувања започнуваат на стадионот „Тумбе Кафе“, каде во 17.00ч. ќе се одигра дербито меѓу ФК Пелистер и ФК Вардар додека во 15.30ч. е времето за собирање на навивачката група Чкембари пред стадион. Очекувањата се големи, а домашната публика веќе најавува масовна поддршка пред натпреварот.

Веднаш по фудбалскиот спектакл, вниманието се префрла во спортската сала, каде во 20:00 часот КК Пелистер ќе ја пречека екипата на КК Цедевита во рамките на ФИБА Европа Купот, во обид да стигне до втората победа во ова европско натпреварување.

Битола ќе биде сцена на спортски ден исполнет со емоции, поддршка и единство – во знакот на зеленo-белите бои.

Babam Bitola

Comments are closed.