Оваа среда, 10ти јули, со настапот на поп рок хорот BITVOX на Korunovska music & singing, започнува со работа Мезе Бар Дворче, којшто се наоѓа во самиот двор на добро познатиот Хотел Театар, на ул. Стив Наумов, бр. 35.

На 11ти јули, четврток, исто во Мезе Бар Дворче, настапуваат добро познатите “Dona & friends”, а на 12ти јули, петок, настапуваат “Дарко и Зоче”, двајца прекрасни музичари што изведуваат акустична балканска музика. И трите настапи започнуваат во 20.30часот, а гостите ќе имаат шанса да уживаат во прекрасните мезиња изготвени по традиционални рецепти, како и во голем избор на пијалоци.

За самото отворање, на 10ти јули, среда, ќе треба да си набавите / резервирате билет, (којшто во себе ги содржи концертот на хорот и храната), а за другите два настани не ви е потребен билет, може да си направите само обична резервација за место, затоа што дворчето собира само околу педесетина души.

Ве очекуваме со радост, да уживаме заедно во уметноста, храната и магичната атмосфера, на нашето единствено ДВОРЧЕ!

☎️075 383 283☎️