Дворот од куќата на фамилија Османли бил посебно украсен како што кажуваат постарите битолчани.
Градината била посебно украсена од газдата Александар кој сам правел минијатурни куќички,патчина,знаменца кои што заедно со украсните камења и цвеќиња биле како дел на едно волшебно царство.

dvorot na osmanli 1
Електрониката била голема “слабост” на Александар.Во Битола го донел вториот ренген апарат со кој си озрачил неколку прсти,кои морале да бидат ампутирани.
Купил и апарат за одредување на диоптрија,но не го користел многу а најповеќе му лежела гинекологијата.
Заедно со првиот хирург на Балканот,Аврам Ефенди,вршеле хируршки интервенциии,а по некое време и се зашуриле,сестрата на Александар,Хераклија станува жена на Аврам…Другата сестра Елена исто така се мажи за богат трговец во градот..
Со жената Марија имале четири деца од кои две починале.Синот Ѓорги и ќерката Вера-Афродити се понатамошните гранки на стеблото од семејството,кои кажувајќи за нивниот живот кажувале дека живееле богато и убаво,но нивниот татко Александар повеќе време посветувал на ординацијата и работата,нешто што придонело и синот Ѓорги да се зарази со медицината и денес е прв неонаталог во Македонија и педијатар.

dvorot na osmanli 3
Музички надарениот Петраки Османли имал три деца Ставро,Јорго и Маригула кои сите го наследиле уметничкото во фамилијата.Посебно се истакнал Јорго кој скришум во ординацијата на својот чичко скришум печател летоци против окупаторските власти и ги делеле низ Битола.Во тие акции тој и го губи својот живот.

 Семејството Османли остави голема трага во Битола,голема и исто толку убава како големината и убавината на нивната куќа и градина,за што има уште многу повеќе да се пишува и прераскажува.

Преставуваат една голема гордост за нашиот град,ние кои сме горди како градски Битолчани…


Голема благодарност до Марина Апостоловска и нејзината книга СТАРИ СЕМЕЈСТВА од каде ја превзедовме и адаптиравме пред сите вас приказната и dvorot na osmanli 2убавината за КУЌАТА И ФАМИЛИЈА ОСМАНЛИ…