Одличен почеток на новата сезона за пингпонгарките на ППК „Пелагонија“ од Битола, кои денес забележаа две победи во Првата лига на Македонија за сениорки.

Во првиот натпревар, одигран во Берово, битолчанки ја совладаа домашната екипа со 4:2, а успешниот ден го продолжија попладнево во Кочани, каде беа убедливи против домашниот состав „Хепи“ и славеа со 4:0.
Боите на „Пелагонија“ ги бранеа Натали Бејковска, Калина Митева и Ива Трајковски, кои со одлични настапи му донесоа максимален ефект на битолскиот клуб на стартот од првенството.
Две гостувања, две победи – одличен почеток за битолските пингпонгарки!
