Денес во Скопје се одиграа последните две кола од есенскиот дел на Македонската Супер лига во пинг-понг за сениори за сезоната 2025/26. Нашата екипа го заокружи настапот со две значајни победи.
Во првиот натпревар беше совладана екипата на АС Ѓорче Петров со резултат 4:1, а со ист идентичен резултат 4:1 беше остварена победа и против Крива Паланка 2007.

По завршувањето на есенскиот дел, тимот на ППК ,,Пелагонија” се наоѓа на солидното 6. место на табелата меѓу 10 екипи, со биланс од 4 победи и 5 порази, што претставува добра основа за пролетниот дел од сезоната.
За екипата настапија Христијан Јовановски, Даниел Главевски Жоу, Даниел Давидков и Андреј Бејковски.






