Еден нов прекрасен ден за децата од двете групи. Посета на еден од најубавите манастири во Македонија, манастирот Св.Богородица во Трескавец. Извондредно место, со прекрасен поглед и своја долгогодишна историја.
Љубезниот монах кој петнаесет години живее во манастирот со своето кратко, но многу интересно и информативно претставување на местото и објектите успеа не само да ги заинтересира децата да го слушаат, туку и ги поттикна да поставуваат важни прашања за историјата на манастирот.
После разгледувањето на црквата и конаците, во непосредна околина на објектот децата продолжија со активности поврзани со темата “Антисемитизам”.
Преку игра, поделени во неколку групи успешно беа поттикнати да дискутираат, да изнаоѓаат примери за Антисемитизмот во секојдневието, но и начини за негово надминување и ублажување на последиците од него.
На крајот од активноста добија задача да се обидат да најдат нивни лични искуства од оваа област и следниот ден да ги презентираат пред останатите и да дискутураат за нив.
Денот заврши со кратка посета на центарот на градот Прилеп.