Ракометната репрезентација на Македонија вечерва започнува со учеството на Светското првенство (СП) на ракомет во Египет откако селекцијата на Чешка се откажа од учеството на СП.
Сениорската репрезентација ќе настапи во групата Г заедно со селекциите на домаќинот Египет, Шведска и Чиле.
Во составот на репрезентацијата има двајца битолчани и тоа Филип Кузмановски и Никола Митревски.
Останатите репрезентативци според списокот на официјалната страна на Македонската ракометна репрезентација се:
Борко Ристовски – SL Benfica (POR)
Дејан Манасков – Telekom Vesprem (HUN)
Гоце Георгиевски – CSM Bucurеѕti (ROU)
Мартин Поповски – РК Пролет 62
Бојан Маџовски – РК Еурофарм Работник
Филип Талески – HBV Balingen-Weilstetten (GER)
Мартин Серафимов – РК Металург
Велко Маркоски – РК Металург
Никола Маркоски – РК Еурофарм Работник
Селектор: Данило Брестовац
Марио Танкоски – РК Металург
Кирил Лазаров – Nantes (FRA)
Горан Крстевски – НС Linz (AUS)
Стојанче Стоилов – РК Вардар
Жарко Пешевски – TVB Stuttgart (GER)
Ненад Костески – PPD Zagreb (CRO)
Мартин Велковски – РК Еурофарм Работник
Мартин Томовски – TSG Ludwigshafen (GER)
Марко Мишевски – Нc Grenoble (FRA)
Распоред на натпревари:
14.01.2021 Македонија – Шведска 20:30 часот
16.01.2021 Македонија – Египет 19:00 часот
18:01.2021 Македонија – Чиле 16:30 часот
фото Македонска ракометна репрезентација