Вчеравечер, на платото пред Офицерскиот дом во Битола, се одржа концертот „Да затрусаме“ во рамките на фестивалот „Илинденски Денови“. Настанот беше дел од програмата за одбележување на големиот јубилеј — „70 години од кога започна сè“, како и дел од проект поддржан од Министерството за култура.

…Со звуците на традицијата, ритамот на македонскиот дух и искрената емоција која одекнуваше низ плоштадот, концертот „Да затрусаме“ уште еднаш потврди дека културното наследство живее преку луѓето. Публиката, составена од сите генерации, заеднички покажа колку е важно да се негуваат корените и да се прославува автентичната македонска уметност.



Настанот остави трага во срцата на присутните и уште еднаш ја потврди улогата на „Илинденски Денови“ како чувар на традицијата и културниот идентитет на Битола и Македонија






Целата галерија ја имате ТУКА





