Прочитав некои коментари , повеќето непријателски насочени према кучињата , неколку во нивна одбрана ! Секоја вистина има две страни , зависи кој ја кажува , во овој случај , кучињата никој не ги прашува а не можат ни да зборуваат !
Најдобро од сите го разбирам хоророт ( нели сум доктор), низ кој поминуваат луѓето нападнати и каснати од кучиња ! Раните треба хируршки да се обработат , па да се прими серум против тетанус и беснило, кои многу често ги нема, па луѓето ги бараат по другите градови или во Грција ! Треба да се прават преврски , да се примаат антибиотици ! Да не ја заборавиме и психичката траума од целиот настан !
Сега нешто за кучињата- целиот свој бес, гнев и омраза го насочивте на погрешна адреса ! Ќе си ги потсетите тие што се на власт, да си ги исполнат предизборните ветувања , прифатилиште за кучиња не е Царски двори, ниту треба време, ниту многу пари за да се направи !
П. С. Ниту пари ми се претураат , ниту имам енергија а сепак секој ден хранам две бездомни кучиња , меѓудругото и огромни се ! И еве што ми падна на памет : нас, луѓето да не остават без храна една недела, не само што ќе напаѓаме, ќе почнеме меѓусебе да се јадеме ! Е сега да ги напаѓате тие што не го решаваат овој голем проблем за градот !
Анастасија Кокан Петровска