Даниела Мандровска од село Буково, подножјето на Пелистер, со посветеност ја продолжува семејната традиција на производство на автентичниот „буковски пипер“ — рецепт и семе што преживеале генерации. На надморска височина од 750 метри, таа одгледува пиперки исклучиво од оригиналното семе, кое успева само во Буково, без никакви механички помагала — целиот процес е рачен, природен и бавен.
Пролетта започнува со садење во леи, а во мај следи пресадување на растенијата на нива. Пиперките бараат посветено внимание — честа обработка на земјата, наводнување и контрола — за резултатот да биде совршен. Бербата започнува во август, кога пиперките стануваат црвени, по што следи сушење на отворено додека е топло, а потоа продолжува во специфично затоплена сушарница, каде температурата ќе достигне и до 80°C. По сушењето, пиперките се „грушат“ и толчат во дрвено кутле со ќускија.

Резултатот од овој трпелив процес е уникатен производ: буковска толчена пипер — лута и обична, црвен буковски пипер, па дури и буковско нане. Сите тие вкусови ја носат душата на Буково и ја освоија и најпребирливата публика .

Интересен момент: процесот од „нива до трпеза“ трае речиси половина година, што зборува за исконската вредност на традицијата и квалитетот што Даниела го вложува во секоја зрнка пипер..

Линк од целата статија на Кајак.мк:
Даниела од село Буково го произведува најдобриот буковски пипер