Дали имате дете на возраст од 5-15 години кое е барем малку заинтересирано за цртање и уметност? Ако одговорот е „Да“, тогаш ова ќе биди најинтересната порака која некогаш сте ја прочитале.
Еве зошто: Моето име е Ангела Каранфилова до пред неколку години и јас бев дете кое имаше (сеуште имам) огромна љубов кон уметноста.
Не само што имав љубов кон уметноста – туку бев и многу добра. Всушност факт е дека до мојата 18 година бев наградувана со неверојатни 43 светско-признати награди.
Ама, единствените луѓе кои го знаеја тоа беа: татко ми, мајка ми, баба ми… и евентуално некоја тетка.
Многу пати тоа како незрело дете знаеше да ме скрши. Да се чувствувам невидлива. Дури и очајна. До степен да се откажам од мојот талент.
Потоа, еден ден, дојдов до една брилијантна но (тогаш) за мене неостварлива идеја. Си зацртав во главата една цел, дека еден ден ќе го сменам тоа.
Да создадам место каде што никое дете нема да остане незабележано! Луѓето да слушнат за нивниот талент. Да ја имаат шансата што ја немав јас.
Тој период имав 18 години и само што се запишав на факултетот за ликовни уметности. Моите другари први почнаа да се смеат на идејата.
Кажуваа дека само “сонвам” и не разбирам како функционира светот. Една другарка дури ми кажа дека сум будала, и за жалење.
Така а? Па, искрено не ми беше баш гајле. Баш напротив, идејата гореше се повеќе и повеќе во мене. И погоди што?
Го завршив факултетот и си отворив свое студио кое веќе брои 14 неверојатни дечина.
Во изминативе неколку месеци заедно нацртавме стотици цртежи.
Сега тие дечина ја имаат шансата што ја немав јас… на 21 мај во 19 часот, во Галерија “Ранко Струмениковски”, ја организираме најголемата детска изложба во Битола!
Каде 14 дечина ќе претстават како го гледаат светот – преку своите цртежи, бои и фантазии.
Влезот е бесплатен, плус за сите присутни ќе има подарок – од срце… затоа што сакам ова да биде посебен момент за секој што ќе дојде!
Веќе многу родители решија да дојдат, за да ги поддржат своите а и децата на другите…
… па затоа: ако си мајка, татко, баба, дедо, тогаш дојди заедно со твоето дете – инспирирајте го и заедно поддржете ги младите уметници.
А само замисли… колку можиш да го инспирираш твоето дете? Па можеби следната година и неговиот цртеж да “виси” на ѕидот пред цела Битола… колку гордо ќе се чувствуваш?
Оваа изложба ја правиме за прв пат оваа година. Следната е за една година… Ќе стани традиција – но твоето дете нема повторно да има 7, 9 или 12 години.
Ќе чекаш до година? Покажи му дека веруваш во него сега! Се гледаме…
… а јас? Јас можам да кажам дека сонот ми стана реалност.
Со почит,
Ангела Каранфилова
П.С. Се гледаме на 21 мај во 19 часот – Галерија Ранко Струмениковски.
П.П.С. Галеријата се наоѓа во улицата позади полициската станица. Ако не можиш да се снајдиш, само оди на Google Maps и напиши “Галерија Ранко Струмениковски”.