Додека останатите деца играат и се забавуваат, овие деца започнаа уште од млади да ја градат својата кариера. Направија навистина нешто неверојатно… најголемата детска изложба која ја посетија над 150 родители и љубители на уметноста.
А покрај тоа, цртежите ги изложија во познатата галерија Ранко Струмениковски… и најдоброто од се е што ангажираа стручно уметничко жири, кое ги оцени и додели еден куп награди и признанија.
За крај, како шлаг на тортата, без никој да знае, беа доделени први награди од светски конкурси на кои учествуваа децата…
… Ако се прашуваш како е тоа можно, ние го откривме одговорот.
Со цел да добиеме одговор на овие прашања, отидовме на ручек со најзаслужната личност за реализирање на оваа изложба – Ангела Каранфилова, која е дипломиран ликовен педагог и уметник, наградувана со 43 светски награди во текот на својата кариера.
И поставивме неколку прашања, еве што имаше да ни каже:
Од каде идејата за детска ликовна изложба?
Ангела: Идејата не е од скоро, ја имав уште како малечка. Со напорна работа и малку среќа, успеав да бидам наградена со неверојатни награди. Ама проблемот беше во тоа што никој не знаеше за мене освен моите најблиски. Па затоа, уште тогаш одлучив дека во иднина ќе го сменам тоа. И ете, конечно дојде и тој ден! Сонот ми се оствари. Успеав самостојно да отворам свое студио и да давам можност на сите деца кои ја сакаат уметноста да бидат забележани.
Како помина изложбата и дали е вистина дека децата добија и светски награди?
Ангела: Изложбата помина одлично, подобро од очекуваното. Сите цртежи на изложбата беа оценети од страна на стручно жири, кое беше составено од Александар Поповски и Михајло Димитриевски… сите ги наградивме со дипломи, а за најдобрите доделивме награди и медали:
Гран При: Исидора Ристевска, 11 години.
Злато: Ивана Петрова, 12 години.
Сребро: Теодор Ивановски, 12 години.
Бронза: Емилија Гроздановска, 15 години.
Во изминатата година учествувавме и на неколку светски конкурси и освоивме неколку први места во конкуренција со многу држави.
Дали е вистина дека на изложбата имаше стотици луѓе?
Ангела: Да, точно е. Многу сум горда што успеавме да допреме до толку многу луѓе, бидејќи треба да го земеме во предвид фактот дека ова беше детска изложба, а не изложба на познати уметници!
Што имаш да им порачаш на децата и родителите?
Ангела: Да му дадат шанса на детето. Уметноста не е само боја и четка. Таа гради карактер, трпение, самодоверба.
Затоа — секое дете заслужува барем еднаш да се види себеси преку уметноста.
Кои се плановите за во иднина?
Ангела: Сакам ова да прерасне во традиција и секоја година да ја организирам оваа изложба со цел уште многу млади уметници да бидат поддржани. Па затоа, вратите на моето студио се отворени за бесплатен пробен час за секој млад уметник да дојди и да види дали се пронаоѓа во уметноста. Можи да ме најдите на мојот профил: karanfilova art studio.
За крај, сакам од срце да му се заблагодарам на господинот Драган Ристевски за поддршката и просторот во галеријата “Ранко Струмениковски”.