Гургур Тумба, населба од неолитското време. Се наоѓа во рамнината 2,5 km источно од градот, непосредно до индустриската зона каде што се наоѓаат „Битолатекс“, „Илинден“ и други претпријатија.
Има правилна кружна основа со пречник од 250 м и височина од 3 м. Горните површински слоеви се оштетени од земјоделските работи.
Во 1952 г. Народниот музеј, во соработка со Филозофскиот факултет од Љубљана, вршел ископување, а во 1981 година е вршено ново сондажно ископување. Работите покажале дека е во прашање повеќеслојна населба, со културен слој од 3,40 м во кој се разграничуваат два хоризонта на живеење.
Откриените многубројни фрагменти од керамички садови, орудија од коска, камен и кремен ја определуваат населбата како среднонеолитска, а й припаѓа на велушко-породинската културна група. Наодите се чуваат во Заводот и музеј во Битола.
Симоска Д., Санев В., 1976, 41. (Д.С.)