Граѓанскиот стрелачки клуб „Пелистер“ од Битола денес беше домаќин на вработените од Rhino Entertainment, кои имаа можност да се запознаат со спортското стрелаштво и активностите на клубот.

Посетата помина во одлична и пријатна атмосфера, исполнета со позитивна енергија, нови познанства и тимски дух. Присутните уживаа во дружењето и стекнаа ново искуство, кое ќе остане како убав спомен од денот поминат во клубот.

Од ГСК „Пелистер“ изразија благодарност за укажаната доверба и посетата, со надеж за повторна средба и нови заеднички активности во иднина.

