Се наоѓа на познатата улица на Конзулатите Кирил и Методиј бр. 6-б.
Објектот е изграден во 1903 год. како сопственост на црквата Св. Димитрија, а веднаш потоа бил даден под наем на грчкиот конзулат кој го користел се до 1912 год.Објектот е граден под влијание на архитектонските стилови во Западна Европа при крајот на 19 век со елементи на барокна икласицистична декорација. Монументален изглед на објектот му дава влезната партија составена од надворешни скали и два балкони. Фасадата е богато декорирана со дорски канелирани столбови на скалите и балконската партија, балустрадното решение на балконите, огради со керамопластични украси, лента со брановидна линија пластично изведена под кровниот кордонски венец.
Решението за отворање на грчки конзулат во Битола, било донесено уште во 1853 год., но веројатно заради избувнувањето на Кримската војна истото не се случило.Така во 1859 год. бил отворен грчкиот Вице конзулат на чие чело бил искусниот дипломат Герасимос Валијанос. Во 1863 год. прераснува во Конзулат каде како конзули продефилираја Ѓорѓиос Донас, Костадинос Панурје, Н. Фондание, К. Вецос, К. Пезос и др.
Автор
Никола Миновски
Конзулска Битола