Тенискиот клуб Чакулески со поддршка од општина Битола по втор пат организираат градско првенство во тенис во категориите црвен тенис,портокалов тенис, зелен тенис и женски тенис 12-14 години.
Турнирот ќе се одржи на новите три тениски терени кај Градскиот стадион на 05 и 06.10.2024 година, со почеток во 10.00 часот.
Организаторот на настанот се надева дека на овој начин повторно ќе се даде акцент на тенисот како спорт, со учество на што поголем број млади тенисери и тенисерки, кои се поканети да земат учество на градското првенство.
Покрај натпреварувачкиот дел, настанот ќе биде збогатен и со други забавни активности, а општина Битола и натаму ќе ги поддржува спортските активности, кои што го јакнат спортскиот дух кај младите битолчани.