Основачот и директор на Болница Плодност, прим. д-р Таше Трпчевски, доби високо признание од Општина Алексинац, Србија — Плакета за особени заслуги во зголемување на наталитетот и унапредување на здравствената грижа во регионот.
Признанието беше доделено едногласно од страна на Комисијата за доделување јавни признанија, а заедно со д-р Трпчевски, беа наградени и неколку други истакнати институции и поединци кои придонесуваат за развојот на општината.
Во изминатите години, Болница Плодност бележи сè поголем интерес од пациенти од Алексинац и пошироко од Србија, привлечени од високиот успех во областа на репродуктивната медицина и напредната 3D лапароскопска хирургија. Преку ИВФ програмите на оваа битолска болница, повеќе од 300 српски семејства успеале да го остварат својот сон за потомство.
Признанието од Србија е потврда дека мисијата на Болница Плодност ги надминува националните граници, со посветеност, иновација и грижа кон секој пациент.