Битолскиот тромбонист и композитор Горан Мицевски Кус го претстави своето ново музичко дело „Зошто (Why)“, дел од неговиот прв авторски албум „Гласот од невидливиот свет“. Композицијата е замислена како деветминутно патување и, според авторот, претставува искрено музичко сведоштво кое ја надминува комерцијалната рамка.

„Овој албум за мене не е само музика – тој е тивка молитва, внатрешна слобода и начин да останам поврзан со вистината што ја носам во срцето,“ вели Мицевски.

Во создавањето на делото учествуваа Кристина Палија, која со својот вокал ја пренесе емоцијата на композицијата, како и Здравко Стојмиров, кој ги обликуваше текстовите. Вокалната поддршка на Дона Петрова и Dejan Markovski и даде дополнителна димензија на песната.

„Зошто“ е достапна на сите дигитални музички платформи и онлајн продавници, а премиерно може да се слушне на YouTube: