Младите пингпонгарки од Битола постигнаа одличен резултат на Меѓународниот турнир во Лерин, Грција, што се одржува овој викенд.

Во конкуренцијата до 11 години, Калина Митева доминираше на турнирот и го освои златниот медал и пехарот, победувајќи ја во финалето својата сограѓанка Натали Бејковска, која го освои второто место и сребрениот медал.

Денес, и двете млади пингпонгарки повторно се искачија на победничкиот пиедестал, но овојпат во повозрасната категорија до 13 години. Натали Бејковска повторно беше втора и се закити со сребро, додека Калина Митева заврши третопласирана и освои бронзен медал. И двете натпреварувачки загубија по голема борба од Јовевска од клубот „Зегин“ Берово.

Од машките претставници, и покрај вложената борба, ниту еден не успеа да се пласира меѓу најдобрите и да обезбеди медал.

Натпреварите продолжуваат и во наредните два дена во повозрасните категории, каде се очекуваат нови настапи на младите битолски пингпонгари