Голем вандализам и сквернавење на споменикот на Рускиот крст во Битола кој се наоѓа во Градскиот парк. Сојузот на Здруженијата за македонско-руско пријателство и Регионалното здружение за македонско-руско пријателство „А.А.Ростковски“ најостро го осудуваат вандалскиот чин на сквернавење на споменикот „Руски крст“ во Битола, подигнат во Градскиот парк во Битола.

При овој крајно нецивилизациски чин неколку гранитни плочи беа откинати од постаментот на споменикот и фрлени на земја, а оштетени се и скалите.
Споменикот на „Руски крст“ е подигнат на 8 август 2003 година во чест и слава на рускиот императорски конзул во Битола Александар Аркадиевич Ростковски по повод 100 годишнината од неговата смрт.

Пријателството помеѓу МАКЕДОНСКИОТ И РУСКИОТ НАРОД се на високо ниво и вакви провокации не можат да наштетат, но сепак се надеваме дека нема да има повторување на вакви и слични срамни дејствија и провокации. Упатуваме јавен апел до органите на прогонот да ги преземат сите потребни дејствија за поскоро откривање на сторителите, за истите да бидат најостро санкционирани од правосудните органи… наведуваат здруженијата во нивното соопштение.