На свеченото прогласување на најдобрите спортисти и спортски колективи во организација на Општински сојуз на спортови на Општина Битола, беа доделени признанија за најуспешните поединци и екипи кои ја одбележаа изминатата спортска година во Општина Битола.

Меѓу најдобрите се најде и битолскиот пингпонгар Даниел Зхоу Главевски, кој со своите резултати и континуирани настапи заслужено се пласираше меѓу десетте најуспешни спортисти, освојувајќи го високото седмо место на листата.
Дополнително признание пристигна и за машката сениорска екипа, која беше рангирана на третото место меѓу најдобрите спортски колективи во општината, што претставува значајна потврда за квалитетната работа, посветеноста и спортскиот континуитет на тимот.

Посебно внимание добија и младите играчи кои паралелно настапуваат и во сениорската конкуренција, освојувајќи специјални награди како надежни спортски таленти. Овие признанија претставуваат силен мотив и дополнителен стимул за нови успеси, развој и афирмација на пинг-понгот како значаен дел од спортската сцена во Битола.





