Битолчанецот Тони Наумовски доби големо признание на меѓународната сцена освојувајќи ја наградата за Најдобар машки актер за својата улога во филмот „Лена и Владимир“ на престижниот Indie Film Festival Awards во Њујорк.
Наградата пристигнува како резултат на извонредната актерска посветеност и моќната интерпретација на ликот во независниот филм кој ја освојува публиката ширум светот. Филмот „Лена и Владимир“, зад кој стои тимот предводен од продуцентката и сценаристка д-р Симран Ахуја, режисерот Шариф Синклер и креативната поддршка од Мариса Ропер, веќе бележи сериозен успех на повеќе фестивали, но токму настапот на Наумовски беше особено забележан и издвоен.
Со ова признание, Тони Наумовски уште еднаш го потврдува својот статус како актер со меѓународен калибар, кој со длабока емоција, автентичност и посветеност ги доловува комплексните ликови што ги толкува. Роден во Битола, Наумовски е активен на театарската и филмската сцена во САД, но секогаш со гордост ја истакнува својата македонска и битолска припадност.
Од тимот на „Лена и Владимир“ велат дека се благодарни за секоја поддршка и љубов која ја добиваат, а оваа награда е доказ дека вистинската уметност секогаш наоѓа пат до срцата на луѓето, без оглед на граници.
📷 Фотографија: Hideki Aono
🌐 www.hidekiaonophoto.com