Битола – Прилеп. Два македонски града кои се на далечина од само 50 километри а се толку многу различни. Во поново време со поуспешното менаџирање на прилепскиот градоначалник Прилеп може да се рече и ја замина Битола. Со организирање на Пивофестот, Сармијадата, уредување на Плоштадот (плочникот), околината на Судот и Могилата Прилепчани го видоа бенефитот кој години наназад сами го заслужуваа за Прилеп, најмакедонскиот и најпатриотскиот град во Р.Македонија. Додека Битола си остана иста и на сите ни е позната приказната. Неретко битолчани знаат да кажат “на заем” барем една година, две да ни го дадат прилепскиот градоначалник, но овие не го даваат. А тоа е така не “за инает”, туку од памтивек ни е познато дека помеѓу битолчани и прилепчани има ривалство и такмичење. Ривалство кое е влезено и во многу досетки и анегдоти, кои се пренесуваат од генерација на генерација.

Битолчани отсекогаш биле горди на минатото и на граѓанската култура и се однесувале со голема надменост кон другите, особено кон прилепчани. За нив, и ден денес Прилеп е “најголемото село” во Македонија. Прилепчани, пак, им возвраќ(јч)аат со големиот Марко Крале, првата пушка, со гордоста што го дале првиот претседател на АСНОМ.
И ден-денес битолчани велат за својот град дека е најградскиот град во Македонија, а во ниту една пригода не пропуштаат да се пофалат дека Битола е конзулски град, град на клавири и најопеан град во Македонија. Својата гордост ја поткрепуваат со историските факти уште од далечното минато. Веднаш по освојувањето градот од Турците, Битола била претворена во главен и значаен воен, политички, административен, трговски и културен центар на европска Турција и седиште на голем број странски дипломатско-конзуларни и трговски претставништва. Тоа, без сомнение, значело присуство на Европа во Битола и донесло големи промени во економскиот и во културниот живот, но и во начинот на живеење, на мислење и однесување на месното население. Силните економски и трговски врски со Лондон, Виена, Софија, Белград, Солун, Александрија, Цариград, Драч и со многу други големи градови придонесле познатите битолски фамилии како што се: Робеви, Икономови, Данабаш, Герас, Ризови и многу други да го пренесат европскиот начин на живеење, облекување и однесување во Битола. Младите битолчанки ја замениле традиционалната облека со облека со европски стил, а кога се движеле по широк сокак, ги треселе задниците и дури имале и соодветни изрази за тоа – “шантикле” и “скерца”.

Ривалството меѓу битолчани и прилепчани во различни периоди било различно изразувано. 

“Вие садете тутун, а ние ќе пиеме кафе на Широк сокак”, им велат честопати битолчани на прилепчани. “Чкембари едни, од пиење кафе не се живее” , им возвраќаат прилепчани. ,,Вие, мајмуните, Ќе ни кажите како се живее подобро” , продолжуваат битолчани. И така речиси при сите средби, од кои голем број се и запишани. Битолскиот уметник, хуморист и карикатурист Панде Петровски во својата книга “Дума” има една хумореска со наслов ,,шкембар во Прилеп” во која опишува една своја случка во Прилеп. Влегол во меана и си нарачал битолско пиво, на што келнерот му рекол: “Ебаго, вашето че ви го пиеме”, по Што тој нарачал скопско, но и тогаш келнерот имал забелешка: “Овде само наше че пиете. Ако ви се бендисува арно, ако не – сиктер”. “А ние, битолчани, сакавме да им спроведеме вода од ‘Стрежево’ на прилепчани, но никако да ги убедиме… Кога видов дека ако продолжиме така, пифтија че се сториме, место да пијам пиво, решив да си заминам. Арно ама…

,,Че седиш тука.Сакате од Драгор, кај што ги миете чкембињата вода да ни давате. Мислите не знаеме дека Лајнарка наша е почиста од него”, ми вели келнерот. ,,Признавам дека сме шкембари, ама барем наше шкембе си јадеме, а не како вас со банана од Африка да се храниме”, му реков, а нему му текна за мајмуните и ми рече: ,, Слушај, пријателе. Така ни било пишано да бидеме комшии, да се караме и да се мириме. Еве ни на мое ни на твое, по едно каве че пиеме. Фирмата чести”.

Новинарот Петар Ставрев се сеќава на голем број настани од спортските терени и од планинарските маршеви. На планинарскиот марш што се одржува на Кораб, пред неколку години, од подножјето на планината кон врвот заедно тргнале две групи планинари, едната составена од битолчани, а другата од прилепчани. Само Што почнало искачувањето, прилепските планинари заостанале. Во еден момент еден од прилепските планинари извикал: ,,Бати планината без дрвја. Да имаше дрвја, ние ќе бевме први. ќе скокавме како мајмуни по гранките и први ќе се искачевме на врвот”.

Ставрев се сеќава и на лутината на битолчани кога на почетоците со работа на РЕК “Битола” и ,,Стрежево” за директори на двата најголеми капацитета биле поставени прилепчани – на РЕК Никола Грашески, а на ,,Стрежево” Методија Сапунџиски.

Прилепчанецот Благоја Алексоски-Глумецот вели дека иако битолчани се фалеле со многу клавири, првите ноти за музиката ги напишал прилепчанец. Бадев ја напишал првата нотирана литургија, раскажува Алексоски. Преку Солун, модата првин доаѓала во Битола, па потоа се пренесувала во соседниот Прилеп, ама прилепчанки биле оние што ја вовеле фризурата свансон, по артистката Глорија Свансон. Првата серенада ја направиле прилепчани, и тоа во Битола, пеејќи под прозорецот на прочуената куртизана Салоне.

Жестоко ривалство меѓу Прилеп и Битола предизвикувале фудбалските натпревари, кои често пати завршувале со тепачки, се присетуваат повозрасните прилепчани.

“Таквата нетрпеливост завршува и денеска прилепчани и битолчани се сватови, оти прилепчанки одат во Битола да купат завеси иако во Прилеп ги има најубавите”, во негов стил, ќе речеше Благоја Спиркоски-Џумерко.

Тој на битолчани им е љубоморен што во времето на миграцијата село град успеале доселените да ги преобразат во граѓани, за разлика од прилепчани кои се поселанчиле .*

Кога  ја граделе деветокатницата во Прилеп, битолчани велеа дека прилепчани ја граделе за од неа да можат да гледаат како се облечени битолчани, ама денеска многумина битолчани доаѓаат на шопинг во Прилеп од каде купуваат поубава и поквалитетна гардероба. 

Прилепскиот пазар е најбогатиот во Македонија и во сабота се продава и убаво спакувана “битолска лепешка”, се смеел актерот Благоја Спиркоски-Џумерко.

Наместо порака, Џумерко велел “Ако Битола е конзулски град, Прилеп е град на Александар Македонски и затоа му подигнавме споменик. Ама досетливите битолчани велат: “Дека тој гледа кон Битола”. Инаку споменикот е висок едно метро и пол за што битолчани му се смејат на прилепчани дека не е Александар Велики ами Аце мажето. 

Други досетки има и за патот од Прилеп до Битола дека истиот се викал Еволуција. Од мајмуни (прилепчани) преку еволуцијата настанувале луѓе (битолчани).Низ смеа битолчани кажуваат дека во Прилеп на есен се правел попис на населениото, кога ќе паднеле лисјата од дрвата, дека се чудат зошто се вика Саат Кулата во Прилеп кога саатот не се гледа и многу, многу други досетки и смеа на кои вие слободно можете да се надоврзите. И да не заборавиме дека и покрај препирките ние битолчани и прилепчани сме неразделни и големи другари, си помагаме едни со други, јадиме заедно прилепска скара и пиеме прилепско пиво, дури да се “стори” битолското. Ви благодариме.

*извадок од стар Вест

Bilola vs Prilep

Bitola – Prilep. Two Macedonian towns that are at a distance of only 50 kilometers and are so very different. Lately a more successful management of the Mayor of Prilep Prilep can be said and left Bitola. By organizing Beerfest, Sarmijadata, editing Square (pavement), the surroundings of the Court mound Prilep saw the benefits that years alone it deserved to Prilep bestmacedonical city in Macedonia. While Bitola remained the same and all its ours familiar story. Bitola often know to say “on loan” at least a year or two to give us the Mayor of Prilep, but these do not provide. And that is not “in defiance” but since time immemorial we know that between Bitola and Prilep there is rivalry and takmichenje. Rivalry which has entered in many riddles and anecdotes, passed down from generation to generation.

Bitola citizens have always been proud of the past and the civic culture and behaved with great arrogance towards others, especially towards Prilep. For them, today is Bat “biggest village” in Macedonia. Prilep, in turn, responds the great Prince Marko, the first gunfire for the WWII and great pride that gave the first president of ASNOM.

Even today Bitola say about their city that is most mannerly city in Macedonia and in any occasion, do not miss to praise Bitola is city of consuls, a city of keyboards and largest number of songs Macedonian city. Pride underpin the historical facts from the distant past. Immediately after winning the city from the Turks, Bitola was turned into a major and important military, political, administrative, commercial and cultural center of Turkey and European headquarters of many foreign consular and trade offices. That, no doubt, meant the presence of Europe in Bitola and brought major changes in the economic and cultural life, but also in the way of living, thinking and behavior of the local population. The strong economic and trade links with London, Vienna, Sofia, Belgrade, Thessaloniki, Alexandria, Constantinople, Durres and many other major cities contributed the famous Montmartre families such as Robev, Ikonomovi, Danabash, Geras, Rizov and many others to pass European way of life, dress and behavior in Bitola. Young girls from Bitola replaced traditional dress clothes with a European style, and when they walked on Main Street, we shook butts and even had a proper expressions for it – “shantikle” and “Scherzo”.
The rivalry between Bitola and Prilep at different times differed expression.
“You and plant tobacco, and we will drink coffee on Main Street,” he often said of Bitola Prilep. “Fatso some, drinking coffee is not live,” they respond Prilep. ,, You Apes, will tell us how to live better, “continued Bitola. so in almost all meetings, many of which are enrolled. Bitola artist, humorist and cartoonist Pande Petrovski in his book” Word “has a Humoresque entitled ,, shkembar in Prilep,” which describes a its experience in Prilep. Entered the tavern and ordered his Bitola beer, to which the waiter said: “fuck you that your drink,” after which he ordered Skopje, and then the waiter had a note: “This is our only drink that. If you liked ok, if not – get lost. ” “And we from Bitola, we wanted to implement water ‘Streževo’ to Prilep, but not to convince … When I saw that if we continue aspic that do, a place to drink beer, I decided to leave. But Arnaud …
,, That sit here.You want to give of Dragor water where you wash your tripes . Do not know that ours is Lajnarka cleaner from him, “said my waiter. ,, I admit that we shkembari, but at least our tripe you eat, not like you with a banana from Africa to eat, “I said, and he came up to monkeys and said ,, Listen, dude. It’s our destiny to be neighbors to quarrel and mirin. Here we are at our mine of yours, one that Kaveh drink. Company common. “

Врати порака

Please enter your comment!
Please enter your name here