Доајенот на македонското актерство Ратка Чоревска беше дел од многу театарски ансамбли во Македонија, со својата актерска моќ имавме можност и чест да ја гледаме и во играни филмови.
Нејзиниот ангажман во Битолскиот народен театар ќе остане запаметен по многу улоги. Кариерата ја започнала 1950, на сцената на Народниот театар во Битола, каде што континуирано играла и по пензионирањето, останувајќи активна актерка цели 44 години (до 1994).
Одиграла 89 најразлични улоги, многупати мали или помали, исполнувајќи ги – секогаш – со автентичен жар и искрена преданост кон професијата. Една е од оние драгоцени актерки коишто треба да бидат сметани за столб на секој театарски ансамбл.
Добитник е на многу награди и признанија.
Ратка е родена во Штип но цел свој живот го поминува во Битола, каде беше нејзиното најголемо творештво и затоа си ја рачунаме за наша битолчанка.
Ова е нашата голема почит кон неа.
Ин мемориам…
Видео Тера ТВ (2010 г.)