Битолчанката Калипсо Налча била прва жена диригент на Балканот. Родена е 1915 г. во Битола.

 Калипсо Налча беше, во прв ред, пијанистка која стручно се определи како диригент. Својата музичка професионалност ја манифестираше кај локалниот режимски хор “Кајмакчалан” и како хонорарен наставник во Гимназијата. Бидејќи хорот секоја недела и празници учествуваше во црквата “Св. Димитрија“, Калипсо и тука се појавуваше. Во пролетта 1935 год., имала посебен “бенд“, составен од дваесетина инструменталисти на усна хармоника. Беа купени германски хармоники “хонер“, и го одржуваа гала концерт во чест на Свети Кирил и Методиј, на 24 мај 1935 год. во преполнетата свечена сала во Офицерскиот дом, каде е изведен следниот репертоар: 
Од првиот колор филм “Пастир Костија“, која музичка нумера, како лајтмотив почнуваше вака : 

Запеј си песна кога те мори тага Еј, песната е најдобар лек 

Запеј си една, на редот е друга, и така со песни мини го сиот век. 

Втора нумера, мошне популарна тогаш, беше песна хит од Прага, “Кукачка“ (Кукавица) еве го првиот куплет: 
Мојата женичка, птичка преселничка често менува дом, 
Час љуби едно го, а час друго го, 
Тоа е нејзин сон… 
Интересно е што во репертоарот се најде една македонска песна, тогаш многу популарна “Божана“ и еве илустративно: 
Што ми е мерак полјак да бидам, мори Божано, полјак да бидам на твојата нива, мори Божано, Ти дами жнееш, јас те гледам, мори Божано, 
а векуваме, мори Божано… 
Го водела и Детскиот еврејски хор во Битола како пијанист и музички педагог. 
Била во брак со Виктор Акимовиќ, на кого му била втора жена и љубовта од неговата младост. Имала една посвоена ќерка која сега најверојатно живее во Р. Грција.

Умре на 5ти Април 1987 во Скопје.

Податоците се раскажувања од Д.Д.Такец, Википедија, Глобус магазин 

Фото “Внатрешноста на Офицерски” непознат извор

Доколку имате фотографија од Калипсо Налча слободно да ни пратите

еден коментар

  1. Калипрочитано Налча завршила музички конзерваториум во Атина. За време на бугарската окупација била интерсира во Бугарија. По војната во Скопје се бавела со музичка просвета во Работничкиот дом. Се смета за првата македонска актерка како член на ансамблот на скопскиот Народен театар (Според историчарот Ристе Стефанивски). Беше познаничка на мајка ми и свраќаше во нашиот дом во Скопје. Нејзиниот сопруг и мој значирелно повозрасен пријател ме замоли да одржам посмртно слово на нејзиниот погреб. Клипсо Науча е погребана на букивските гробишта во Битола.

    Томислав Османли

Врати порака

Please enter your comment!
Please enter your name here