Замисли еден ден во Битола да можеш да одиш слободно на тротоар без да се симнуваш околу колите!

Замисли на сите прометни улици да има тротоари и луѓето да се осеќаат безбедни да одат пешки!

Замисли Битола со своите 3 км пречник да биде вело град!

Да, замисли Битола да има издвоени вело патеки и не само возрасните, туку и децата и сите да се осеќаат безбедно кога одат на работа или на училиште на точак!

Замисли шоферите на колите наместо нервозно да ти свират да се тргниш, тие да ти отпоздравуваат со ведро лице за да поминеш!

Замисли Градоначалникот на Општина Битола, советниците во општината и вработените да одат на работа со точак, а пред општина да има преполн паркинг
со капацитет мин 50 точаци.

Замисли во училиштата да се вози точак на час по физичко?

Ако имате уште предлози и желби во врска со унапредувањето на велосипедската култура и возење точак во Битола слободно додадете…

А денес во 18:00 ч. роденденски со вашиот велосипед дојдете кај Аурум од каде ќе започне #48 Критична Маса…

Врати порака

Please enter your comment!
Please enter your name here