Натпреварот одлично го отворивме, Јуре Планиниќ шутираше 2 од 2 за 3, И Лука Стојановски погоди од своите први обиди и за 3 и за 2 па веќе во 4тата минута имавме 9 поени разлика (15:6) која ја одржувавме и по тајм-аутот на гостите. На крајот од четвртината резултатот изнесуваше 29:20, иако на моменти имавме и 11 поени разлика. Во овој период носител на играта беше Јуре Планиниќ кој веќе запиша дабл-дабл од 12 поени и 6 скокови, без ниту еден промашен шут и максимално мотивирано на двата краеви од паркетот.

Иако резултатски во предност, играта ветуваше неизвесен крај на натпреварот.
Работнички дури и успеа да намали на само 4 поени разлика, но Пелистер остана сталожен во најбитните моменти и успеа да ја врати двоцифрената разлика. Во последната минута се влезе со 6 поени разлика и напад, Костоски погоди две слободни фрлања и со конечни 88:80 успеавме да ја завериме картата за големото финале!

Со оваа победа Пелистер ја доби полуфиналната серија со вкупни 3:1 и закажува финале со другиот скопски ривал, MЗТ Скопје Аеродром,

Се гледаме во финале!

КК Пелистер