За Голд Слот компанијата која е дел од КС Групација во чиј состав влегуваат и компаниите Голд Фелициа, Премиум Сејфти Солушн, 77 Ентертејмент и 77 Софт, годината што измина беше активна и плодна. Во текот на изминатата 2024 година Голд Слот продолжи да се истакнува како еден од лидерите на пазарот на игри на среќа.

Беа организирани бројни настани од свечени отварања на нови современи слот клубови до незаборавни настани и промоции. Новоотворените современи слот клубови во Струга и Скопје беа проследени со гламурозни настани кои вклучуваа висок квалитет на услуга и незаборавни моменти за сите присутни.

Голд Слот продолжи да биде лидер и во исплатата на џекпотови со бројни среќни победници. Вкупниот износ на исплатени милионерски џекпотови за 2024 година изнесува над 40 милиони денари. Со својата конкурентна понуда Голд Слот создаде задоволни и верни корисници, но и привлече голем број на нови играчи.

Како општествено одговорна компанија Голд Слот реализира голем број на хуманитарни активности во различни области од социјалната сфера.

Преку постојана инвестиција во технологија и иновации како и преку развој на нови игри и организирање на најразлични промоции Голд Слот ќе продолжи и во наредната година да работи на зајакнување на својот лидерски статус на пазарот. Годината што започна е само почеток на плановите за поголема експанзија на пазарот. Планирани се нови отварања на модерни слот клубови, нови проекти, иновации и уникатни промоции кои ќе ја зајакнат позицијата на самата компанија на пазарот на игрите на среќа.

Големиот проект Казино и Спа Центар во Тетово е следниот огромен проект кој е веќе во тек и ќе биде финиширан наскоро. Успехот кој го постигна Голд Слот во изминатата година е резултат на трудот и посветеноста на менаџерскиот тим, вработените, соработниците и секако на верните играчи(клиенти).

Голд Фелициа 2024 – Звукот на успехот

Годината што измина за Голд Фелициа – компанија која е дел од КС Групација помина во знакот на успешното работење. Комплексот Голд Фелициа продолжи да биде водечка дестинација за забава и релаксација. Посветеноста кон квалитет, иновации и позитивен придонес за општеството беше потврдена преку различни успешни проекти и реализирани настани.

Во изминатите 12 месеци Голд Фелициа беше домаќин на голем број концерти на домашни и балкански изведувачи и групи со што се привлекоа голем број на гости. Во склоп на летниот фестивал кој втора година по ред го организираше Голд Фелициа настапија Ален Исламовиќ, Дарио и Миг 21, Сека Алексиќ, Аца Лукас, Драгана Мирковиќ, ДНК и Лозано, Светлана Ражњатовиќ – Цеца, Јелена Розга и Амадеус Бенд. Голд Фелициа е насочена кон редовна поддршка и афирмација на македонската музика.

Беа организирани и одржани два големи хуманитарни базари кои традиционално се одржуваат од самото отварање на комплексот. Велигденскиот и Новогодишниот базар не само што го збогатија календарот на настани туку и ја потврдија посветеноста на компанијата кон општествената одговорност. Изминатата година се прослави и третата годишнина од постоењето на компанијата.

Прославата на третиот роденден на Голд Фелициа беше спектакуларен настан за кој долго се зборуваше. Уникатното Кабаре Шоу по кое е препознатлив комплексот Голд Фелициа со својот професионален музичко-танцувачки тим беше вистински магнет за привлекување на посетители кои се вбројуваат во лојални клиенти кои редовно ги посетуваат Кабаре Шоута желни за незаборавни моменти. Во годината што измина се одржаа над 100 Кабаре Шоуа со бројна публика и одлични уметнички перформанси.

Учеството во општествено одговорни проекти и големиот број на спонзорства во периодот што помина се уште една потврда на ангажманот за активно учество на компанијата во подобрувањето на животот во општеството.

Во новата година Голд Фелициа ќе продолжи со реализација на својата поставена цел – да стане лидер во својата област. Ќе продолжи да се развива, да ги задоволува барањата на своите гости и да дава значајни придонеси во општественото живеење. Голд Фелициа им се заблагодарува на сите кои беа дел од успешната година и се радува на сите нови можности кои и престојат.

Евротип – Лидер во исплати, иновации и посветеност кон заедницата

Евротип како водечки провајдер за спортско обложување во Македонија, изминатата година ја исполна со значајни успеси, поставувајќи темели за уште посилен раст во претстојната 2025 година. Компанијата продолжи да ги зацврстува своите позиции на пазарот за обложување и игри на среќа, привлекувајќи нови корисници преку уникатни понуди и бонуси, подобрени услуги и корисничко искуство.

Нашата грижа кон корисниците е највидлива преку исплата на високи бонуси и ваучери со кои повторно ја докажуваме нашата доверливост и сигурност во изминатата година. Евротип е лидер во исплатени бонуси за своите играчи, со сума која надминува 15 милиони денари. Опцијата Кешбек кај играчите врати рекордни над 26 милиони денари, а со многубројните реализирани наградни игри и гивавеи, кај нашите корисници пристигнаа повеќе од 6 милиони денари. Вкупниот износ на ВЛТ џекпотови во уплатните локации на Евротип ја надмина сумата од исплатени над 1 милион евра. Вредно е да се напомене дека највисоки добитни тикети со милионски износи во минатата година беа исплатени во три различни уплатни места: Гевгелија 2,000,000 денари, Битола 3,326,228 и Прилеп 3,352,511 денари.

Нашето партнерство со домашните спортски тимови и донираните средства за поддршка на локални проекти во областа на спортот и образованието, ја истакнаа посветеноста на Евротип кон заедницата. Во годината која измина ја имавме честа да поддржиме и да бидеме дел од бројни настани низ целата држава.

Го истакнуваме и формирањето на фудбалскиот клуб ФК Евротип Онлајн кој од оваа сезона успешно се натпреварува во третата македонска фудбалска лига.

Евротип како компанија која е дел од КС Групацијата, со гордост гледа на постигнувањата во изминатата година, но истовремено е посветена на уште поголеми успеси во иднина.