Гледајте ракомет овој викенд битолчани и донирајте за Гоце!

од May 16, 2017 0 коментари

Организаторот на завршницата на ракометниот Куп на Македонија во машка конкуренција, Ракометната федерација на Македонија и РК Еурофарм Работник денес обелоденија дека приходот од билетите на полуфиналните и финалните натпревари од Купот овој викенд ќе замине во хуманитарни цели за помош на битолчанецот Гоце Марковски. Секоја чест за хуманиот потег. Затоа битолчани овај викенд да уживаме во ракометот и заеднички да му помогнеме за нашиот спортист Гоце во неговата голема битка!

Babam Bitola

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *