На сцената на Народниот театар Битола, на 29 април, ќе биде изведена претставата „Гидионовиот јазол“, која годинава е избрана како претстава за затворање на фестивалот на монодрама.
Станува збор за интензивна драмска приказна која отвора длабоки и чувствителни теми поврзани со вината, одговорноста и сложените човечки односи. Преку дијалог помеѓу мајка и наставничка, по еден трагичен настан, претставата ги истражува предизвиците на современото општество, особено во образовниот систем и детството.
„Гидионовиот јазол“ е дело кое навлегува во прашања за комуникацијата, осаменоста, креативноста и улогата на возрасните во процесот на воспитување и образование. Преку силен и емотивен наратив, ја отвора дилемата за тоа каде лежи вината и како се носиме со последиците од одлуките.
Изборот токму оваа претстава да го затвори фестивалот на монодрама не е случаен – станува збор за дело кое остава силен впечаток и ја повикува публиката на размислување и дијалог.
Битолската публика ќе има можност да проследи театарска изведба која не остава рамнодушен никого и која долго одекнува и по спуштањето на завесата.
Карти ТУКА
