Во Битола доаѓа светски познатата пијанистка и YouTube сензација Гамазда, која со својот уникатен стил и виртуозна интерпретација освојува публика ширум светот.
Гамазда изгради импресивна меѓународна кариера благодарение на својот препознатлив стил – динамична, енергична и технички беспрекорна интерпретација на култни песни од бендови и изведувачи кои го обликувале модерниот музички свет. Нејзините видеа имаат милионски прегледи, а нејзиното име е синоним за свеж, автентичен и модерен пристап кон рок музиката на пијано.
Преку нејзините настапи, Гамазда успева да внесе нов живот во легендарни композиции, претворајќи ги во пијано изведби полни со емоција, енергија и раскошна музичка техника. Затоа денес се смета за една од највпечатливите и најследени музички уметници на дигиталната сцена.

Интересот за нејзиниот концерт во Битола е исклучително голем, а во продажба останати се уште околу 30 билети.
Онлајн продажба:https://narodenteatarbitola.com/events/gamazda/
Настанот претставува уникатна можност за битолската публика да доживее живо издание на светски феномен кој го редефинира современиот пијано перформанс. 01.12.2025 | 20:00 | Голема сала Центар за Култура





