Во текот на денешниот ден недела, 10 јуни 2018 г. битолчани заедно со членовите на ПСК Пелистер од раните утрински саати започнаа со расчистувањето на внатрешноста на опожарениот дом Копанки. Домот ги обедини сите љубители на планината без разлика на нивната верска или партиска припадност, и машки и женски, од 7-77 години. Обновата и расчистувањето на Домот е почеток и голем тест за битолчани. Ако го направиме заеднички и сами, ќе ни биде голем поттик на ист начин да го обновиме и вратиме сјајот на нашата Битола!
Затоа продолжуваме на 16-ти Јуни, за Копанки и за сите нас. А најповеќе за нашите деца, бидејќи тоа за нив ќе остане!
Фотографии на ПСК Пелистер