Салата “Младост” можеби не беше преполна како претходното ракометно дерби кога ‘домаќинуваше Пелистер, но сепак верните “Чкембари” и “Ветераните” како и сите ракометни вљубеници кои беа во битолскиот ракометен храм со нетрпение го чекаа првиот свиреж на новото градско ракометно дерби кое повторно заврши со победа на нашиот градски ривал.

Факт е дека поголем дел од битолчани навиваат за Пелистер како и повеќето присутни во спортската сала вчера за на крај разочарани да ја напуштат салата но затоа не изостана громогласниот аплауз на крајот од мечот на сите присутни за актерите на паркетот како и навивањето и подршката на Чкембари во текот на цел натпревар за ‘зелено-белите’. Емоциите и атмосферата на трибините можете да ја погледнете од фотогалеријата во продолжение …

Фото и текст РК Пелистер фан страна и Димитар Петковски

Врати порака

Please enter your comment!
Please enter your name here