Салата „Боро Чурлевски“ во Битола беше сведок на уште една незаборавна ракометна вечер. Во одлична атмосфера и пред преполни трибини, Еурофарм Пелистер и ПСЖ одиграа возбудлив натпревар кој заврши нерешено 34:34.

Нашите ракометари одиграа храбар и борбен меч против еден од најсилните европски тимови, покажувајќи како се игра со срце на теренот. Публиката, пак, уште еднаш потврди зошто Битола важи за еден од најголемите ракометни градови, создавајќи атмосфера достојна за европските спектакли.

Вечерта во „Боро Чурлевски“ беше вистинска лекција и за игра и за навивање, во која ракометот повторно го обедини целиот град.


















