(ГАЛЕРИЈА) Коктел и музичка програма со КОД 369 за крај на Фестивалот на монодрама

од May 2, 2026 0 коментари

По свеченото затворање на Интернационалниот фестивал на монодрама, вечерта продолжи во пријатна и празнична атмосфера со заеднички коктел за сите гости, учесници и пријатели на фестивалот.

Во духот на дружењето и одбележувањето на уметноста, присутните имаа можност да уживаат во музичката програма на групата Код 369, која со својата енергија и впечатлива изведба ја заокружи фестивалската вечер.

Коктелот претставуваше простор за неформално дружење, размена на впечатоци и отворање нови идеи и соработки, со што на достоинствен начин беше ставен крај на уште едно успешно издание на фестивалот.

Фото: Диоген Хаџи Коста Милевски

Кети Талевска

Babam Bitola

Comments are closed.