Голем успех за КУД „Илинден“ од Битола! Нашите фолклористи го освоија второто место на светското натпреварување „World Folk Dance Competition“, кое изминативе денови се одржуваше во Истанбул, Турција. Со својот настап тие достојно ја претставија македонската традиција, фолклор и културно наследство пред меѓународната публика.

Погледнете ја искрената радост и емоциите по објавувањето на резултатите, момент што најдобро зборува за вложениот труд, посветеност и љубов кон македонската народна игра.
Искрени честитки до сите членови, кореографите и раководството на КУД „Илинден“ за овој извонреден успех! Битола и Македонија се гордеат со вас!

