Вториот ден од 2026 година донесе осум нови животи во Болница „Плодност“

од January 3, 2026 0 коментари

По првиот ден од Новата година без породувања, вториот јануарски ден во 2026 година донесе радосни вести од Болница „Плодност“, каде на свет дојдоа осум новороденчиња.

Родени се четири машки и четири женски бебиња, а меѓу нив и предвремено родени близнаци – машко и женско од Прилеп. Како што информираат од болницата, близнаците се во стабилна состојба и под постојана, внимателна грижа на медицинскиот тим.

Според местото на живеење на родилките, пет од новороденчињата се од Прилеп, а по едно бебе од Ресен, Битола и Росоман.

Во текот на 2025 година, во Болница „Плодност“ се родиле вкупно 749 бебиња, што претставува намалување од околу 50 новороденчиња во споредба со претходната година. Од болницата посочуваат дека и оваа бројка го следи општиот национален тренд на пад на наталитетот во Македонија.

И покрај статистиките, почетокот на новата година со осум нови животи носи надеж и потсетува на значењето на секое новороденче за иднината на заедницата.

Babam Bitola

Comments are closed.