Детска Олимпијада во Битола – спорт и забава за најмладите
Битола повторно ќе биде домаќин на спортски настан кој го слави детството, спортот и заедништвото – втората Детска Олимпијада ќе се одржи на 9 јули 2025 година (вторник), со почеток од 18:00 часот, на Тениското игралиште во Битола, во близина на стадионот „Петар Милошевски“.

Настанот е наменет за деца на возраст од 5 до 10 години, кои ќе имаат можност да учествуваат во низа забавни и спортски активности, креирани специјално за нивната возраст и интереси.

Учеството е бесплатно, а бројот на места е ограничен, поради што организаторите апелираат до родителите и старателите да ги пријават децата навреме преку следниот линк:
https://iwconnect.com/kids-olympics-2025/

Целта на Детската Олимпијада е да се поттикне здравиот раст и развој на најмладите преку игра, спортски дух и тимска соработка. Настанот е поддржан од локалната заедница и компании кои се залагаат за подобро детство и активен животен стил кај децата.