Време е да им ги оствариме желбите на децата од ОУРЦ „Кочо Рацин“ Битола.
На работилницата „Писмо до Дедо Мраз“ која ја направивме во ОУРЦ Кочо Рацин – Битола дечињата ги напишаа своите желби.
Нивните желби се многу скромни: Јован И., Јован М., Мартин, Марија, Максилда сакаат пакетче, Дамјан патики и играче, Алмедина и Мирем кукла, Дејан и Сунај сакаат чевли, Лео, Јана, Македонка сакаат играчка, Јована посака шноли и кукла, Давид сака диносаурус.
Доколку сакате да исполните некоја од желбите на дечињата контактирајте не во порака ТУКА
ЗУР Македонски ракотворби