Врвниот австриски кинематографер на свеченото отворање на 42. издание на „Браќа Манаки“ ќе ја прими наградата „Златна камера 300 за животно дело“️.

Оваа година Кристијан Бергер лично ќе го презентира својот револуционерен систем за филмско осветлување и ќе сподели некои од неговите тајни со нас на специјална работилница. Локација Центар за култура, Мала сала, 17.09.2021 со почеток во 12:00ч.

Во 2015 Анџелина Џоли и Бред Пит за филмот „Покрај морето“ специјално го бараат и најмуваат Бергер заради неговата кинематограферска филозофија и неговиот начин на осветлување кој на актерите им овозможува поголема слобода за изразување зашто ја елиминира потребата од многу кабли, филтри, електрична опрема и техничари кои мора да се околу актерите во моментот на снимање.

Photo by Douglas Kirkland