Битолските некогашни боемџии се преврќат в гроб

Да си кажиме отворено од стално си имало шунд. Бациња, виска, трактори, рејнџери, ципела, кожно со патика. Еднаш и овци поминаја в центар…

„Меѓу нас кажано”, од стално имало кичерај и жени ѓом со проѕирни прерамки и сунчано недосунчано деколте. Ама денес…

„Муабето да остани тука” , ама не е до кравите и овците. Работата е до то шо не мојш да сетиш шо се крие зад „долчето“ и кој од која „Изба” излегва и гази по црните и белите плочки.

„Да си збораме отворено”, свират чингерлака на сред најголемиот центар и срцето на Европа. Не, тие не се тапани и зурли, то е турбофолк, шунд, кич.

Абре пусти мерак за некое измислено високо општество. Која е таа висока класа? Постои ли овде уопште некоја класа, па камоли висока. Еднаш излегват по сто години и ги извајле пурите, краватите, версачето, ѓом брендојте. Да се разбериме, вкус и вкус, стил и стил. Ама нели градO како целина треба да има некое облежје. Нешто по шо ќе биди познат. Не би рекле дека ова место е познато по шунд! Познато беше по пари шо се трошеа за театарски претстави, културни настани, староградски музики, елеганција и уметност. Сори „али то ниЈе то”!

… И на крај ја пеат „Ако одам во Битола!“ Молам? Режија!? Се слушаме?!

… И така… си беше еден град…

Вратете ја Битола! Го сакам овој град!

Елена Наумовски

Извор Шеталиште