Во очи на денешните земјотреси кои ја затресија Битола, далечната 1994 г. биле досега најсилните земјотреси кои некогаш се случиле во битолската околина.Токму на денот кога започнуваше новата школска година, на први септември 1994 година, Битола и
околината на југозападниот дел на Македонија , ги зафати силен земјотрес. Десетина лица беа полесно повредени, додека во градот беа уништени фасади и покриви на некои постари градби. Земјотресот, кој имаше магнитуда
ОД 5.2 степени беше со епицентар во близина на Битола , околу 60 милји јужно од Скопје .Земјотресот ќе остане запаметен и по паниката која ја предизвикуваше локална радио станица најавувајќи уште посилен земјотрес.
Повеќето ученици не се појавија на првиот училишен ден, а голем број на граѓани следните ноќи ги поминаа под отворено небо.